Репрезентацијата на Сејшели изминатиот викенд имаше закажано реванш натпревар од квалификациите за Африканскиот куп на нации против Сиера Леона, која има предност по првиот дуел од 2:0. Но мечот е одложен на неопределено време.
По интервенција од министерството за здравство и министерството за миграција на Сејшелите, селекцијата на Сиера Леоне била спречена на аеродромот во Кенија да отпатува кон овој Остров на Индискиот Океан.
„Спортските манифестации секогаш носат голем број луѓе, при што постои опасност од зараза од новиот вирус. Од тие причини испративме барање до надлежните институции за одложување на овој квалификациски натпревар“ – стои во соопштението на министерството за здравство на Сејшели.
Раководните луѓе во фудбалската федерација на Сејшелите не добиле официјално соопштение за одложување на реванш дуелот, но ја испочитувале одлуката на Министерството.
Од март годинава, дури 1. 300 случаи на Ебола се откриени во Сиера Леоне од кои 224 биле фатални.
Африканскиот Куп на Нации стартува во јануари следната година во Мароко, а квалификациските мечеви завршуваат во ноември.
Вкупно 28 нации ќе бидат поделени во 7 квалификациски групи од кои пласман ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група, како и најдобро пласираната трета селекција.