Фудбал

Го знаете ли вие Хорхе?

Хорхе Троитеиро е вистинскиот пример за она кога сакаме да кажеме „го прати по цигари“. Игра во третата шпанска лига, потегот му е ала Меси, а пријател е со Иниеста.

Три дози Бока - Ривер за 10 дена

Откако лани играа во полуфиналето на Копа Судамерикана, најголемите ривали во Јужна Америка повторно ќе се сретнат, овој пат во елитната Копа Либертадорес, но и во првенството. Само три пати до сега играле меѓу себе во Либертадорес.

Аргентинците од Белграно веслаа од радост

Фудбалерите на Атлетико Белграно од аргентинското првенство изработија добра акција и потоа славеа како да се во кајак.

Меси, Суарез, Нејмар 91 vs Роналдо, Бензема, Бејл 88

Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.

20.000 навреди за Челси, 8.000 за Балотели

За седум месеци сезонава во Премиер лигата Преку социјалните мрежи испратени се 134.400 навредливи пораки кои се однесуваат на играчите и клубовите.

Молитвата на Муслиманите на Енфилд Роуд

Ливерпул соопшти дека ќе превземе акција против навивачот кој постираше слика од двајца Муслимани кои се молат во подрумот на Енфилд Роуд и напиша дека тоа било срамота.

Патешествието на 16 годишниот Суарез во Барселона

На уругвајскиот напаѓач одлично му тргна во првата сезона во Барселона, а таа го потсетува и на една случка од детството кога пристигнал збунет и изгубен во шпанскиот град, каде никој не го познавал и не знаел ниту каде да оди.

Наполитанска шлаканица за Волфсбург, пресврт на Севиља

Фудбалерите на Наполи со една нога се во полуфиналето од Лига Европа откако од гостувањето во Германија си заминаа со триумф од 1:4. Севиља обезбеди минимална предност, а Фиорентина и Днипро извадија нерешено.

Фудбалерите на Челси најмалку ги рецкаат судиите

Според официјалната статистика на Фудбалската асоцијација на Англија, играчите и стручниот штаб на Челси сезонава покажуваат најмалку респект кон судиите и противниците на терен. Најмногу ферплеј во Премиер лигата има кај Ливерпул.

Кралската резиденција за тренинг

Арбелоа, Начо и Иљараменди ве носат во тренинг центар на Реал Мадрид. Ако им е вака кога одат на работа, па како им е дома на луѓево?

Го славам денот на Камбијасо, дај ми слободен ден

Навивач на Лестер Сити се обидел да изнуди неработен ден, под изговор дека ќе го слави аргентинскиот празник Камбијасо.

Аце автобусот кој даде 1.500 голови и фати 2.500 жени

Откако Црвена Ѕвезда во 1947 година гостуваше во Трст, во Белград се врати некомплетна. Од тимот им избега Александар Аранѓеловиќ кој стана легенда и направи светска кариера. На кралот Караѓорѓевиќ Втори му подари 15 одела, а денеска за него раскажува и штипјанецот Шекуларац.

Родриго Лопез од пола терен

Играа Сакраменто Репаблик и Ванкувер во третата по хиерархија лига во САД, а мечот го одбележи голот на Родриго Лопез од половина терен кога ги постави конечните 2-0.

Севиља - Зенит реприза без Величе Шумуликоски

Соочена со резултатската криза, Фиорентина патува во Киев, а Клуб Бриж го пречекува украинскиот Днипро. Севиља и Зенит последен пат играа пред 9 години, кога Величе играше за рускиот тим.

На шест години стана кандидат за тренер на Астон Вила

Малиот Чарли Пај во февруари испратил писмо за да се кандидира за заменик на тогашниот тренер Пол Ламберт. Актуелниот тренер Шервуд сега му одговори на симпатичен начин исто преку писмо.

Најскапиот дефанзивец премногу ги шири нозете

Цената на одреден играч не е секогаш мерило за квалитет. За Давид Луиз лани Парижаните платија рекордни 70 милиони евра и откако Суарез синоќа му го испи мозокот, денеска најскапиот играч од одбрана го трола цел свет.

За кобниот пожар во Брадфорд виновен бил претседателот

На 11 мај 1985 година во катастрофален пожар за време на дуелот Брадфорд - Линколн загинаа 56 навивачи, а 254 беа повредени. Истрагата утврдила случаен пожар, но сега излегоа нови детали за трагедијата.

Суарез го освои Париз, Баерн изненaден нa Дрaгao

Фудбалерите на Порто и Барселона со една нога се во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва убедливо со по 3:1 ги совладаа своите противници. Вечер на Луис Суарез и Рикардо Кварезма.

Футсал потег, понапредна верзија

По фризурата и бројот на дресот потсеќа на Давид Луиз, а по тоа што го направи со топката може да го крстиме Роналдињо или Фалкао, но не Радамел, туку махерот за футсал.

Не е лошо Јувентус да освои Лига на шампиони

Судијата Павел Краловец синоќа им подари пенал на фудбалерите на Јувентус. Можеби навива за нив да го подигнат пехарот, за да го гледа ова ветувачко славје за кое и ние немаме ништо против.

Клоп: Ќе останам тука сигурно во наредните 20 години

„Кога го дадов првото интервју бев многу разочаран. 10 минути по второто се чувствував подобро, а 30 минути потоа се чувствував како да сум победил меч“, изјави Јирген Клоп кoj ретко е сериозен пред камери, освен денеска кога му кажа збогум на Борусија Дортмунд.

Фудбалерите на Челси вежбаа прецизност во Ауди

Ната Аке и Лоик Реми се натпреваруваа против Азард и Вилијан во три игри: Кој ќе бутне повеќе топки во гепек, потоа играа сервис и на крајот со долги топки гаѓаа во кабриолети. Ауди им е официјален партнер.