Долго време ги обвинуваа за глума и изнудување непостоечки пенали, но италијанските фудбалери наскоро ќе можат да го докажат спротивното. Судијата во својот џеб веќе има жолт и црвен картон, а од претстојниот викенд ќе има и зелен картон кој ќе го добие секој кој ќе допринесе за фер плеј.
Според Ла Стампа, идејата првин се адаптирала во младинските лиги, а сега за прв пат зелениот картон ќе се користи во една професионална лига. Зелениот картон сам по себе нема да донесе некаква награда за играчот, но неговото име ќе биде забележано како најкоректен играч и најдобар меѓу најдобрите на крајот од сезоната.
За да добиеш зелен картон нема да ти биде потребно чудо. Ќе се доделува за акции како: Исфрлање на топката во аут додека противничкиот играч е повреден, помагање на судијата да донесе исправна одлука и најважно од се да признае дека одглумил пенал или фаул. Покрај зелениот картон, во Серија Б за првпат ќе ги има и иновациите камера на гол линијата, како и спреј со кои судиите ќе обележуваат каде живиот ѕид мора да стои.
Наше гледиште е дека идејата е прилично будалеста и делува како мал потег во океан полн со ајкули гладни за успех. Зелениот картон без никаква награда за тој што ќе го добие не може да биде поефективен од евентуалната забрана и суспензија на оној кој ќе биде фатен во глума на натпреварот.
Во секој случај, италијанската Серија Б од викендов ќе биде поинтересна за гледање, а судиите ќе имаат мака додека го извадат точниот картон.
Најавата за Серија Б 2015/2016: