Песната "You'll never walk alone" во 60-те години стана химна на Ливерпул, а набргу беше прифатена и ја пеат навивачи во цела Британија, Германија, Холандија, па дури и Јапонија, а една од подобрите изведби ја имаа навивачите на Селтик кои на синоќешниот натпревар против Барселона ја прославија 125-годишнината на нивниот клуб.