Од прашливиот терен на кој почнал Лионел

Во родниот град на Меси има култ за Че Гевара, но не и за Лео

Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.

Во една постара реклама на еден од спонзорите на Барселона, главните играчи на Каталонците раскажуваа за своите први игралишта.

Пике држел фотографија од паркот пред академијата Ла Масија. Ракитиќ го покажал иделниот швајцарски терен во Мелин каде еднаш дал 18 гола а неговиот детски тим победил 25-0.

Арда Туран покажал школски терен во Истанбул, а Тер Штеген раскажал за игралиштето каде почнал во Германија.  Единствено на сликата која Меси ја покажал немало зелена тревка на теренот. Прашливо игралиште со аргентинско знаме од страна.

„Првпат тука сум дошол на четири години (Лео почнал во детскиот тим Грандоли а до тогаш одел кај што тренирале постарите браќа). Како што гледате, на теренот нема трева, има земја и камења. Не сакам да давам совети, но би ви посакал така убав фудбал како таму, каде се учи да се победува и губи.

 

Во ноември 2018 година, новинарот и најголемиот биограф на фудбалските ѕвезди, Гиљем Балаге, снимил подкаст за Меси и раскажал: „Еднаш го прашав Лео: ’Во Англија велат Меси не би бил така добар ако растел на студените и дождливи терени во Стоук. А тој ми одговори: ’Они уште не го виделе теренот на кој играв во Росарио. Дури и таму играв добро.“

ВО РОДНИОТ ГРАД НА МЕСИ НЕМА КУЛТ ЗА НЕГО - ЧЕ ГЕВАРА И МАРАДОНА СЕ ПОПОЛУАРНИ

Росарио е трет град по големина во Аргентина. Се наоѓа на брегот на реката Парана, 300 км северно од Буенос Аирес. Росарио е аграрен центар на земјата и роден крај на два големи јунаци кои ја сменија историјата - Че Гевара и Меси.

При влегување во градот, по ѕидовите ќе видите жолто-сини графити во чест на Росарио Сентрал и црно-црвени од навивачите на Њуелс Олд Бојс, двата најголеми клуба од градот.

Необично, во овој град не баш често ќе слушнете: „Глеј, тука е роден Меси, ние го обожаваме, он е наш идол.“

„Во Росарио кој дише за фудбал, но не за Меси, тешко е да најдете постер или фотографија, па дури и рекламен билборд со неговиот лик“, пишува Балаге во биографијата на Меси.

Дури и симболот на револуцијата Че Гевара почесто ќе го видите како глобален култ во Росарио: портрети со него, споменик, називи на улици, куќата кај што е роден и музеј во кој се чуваат подробности од неговиот живот и влијание на светската историја.

Кристијано Роналдо има аеродром по негово име во родната Мадеира, Пеле има музеј во Сантос, дури и измислениот боксер Роки Балбоа има статуа во Филаделфија.

Но Меси во родниот град нема ни музеј, ни споменик, ни статуа. Само по некој мурал/графит. Лионел има споменик во Буенос Аирес, откриен во 2016 година кога Лео размислуваше да ја заврши кариерата во репрезентацијата па цела нација го молеше да остане.

Недалеку од домот на родителите на Меси има мурал посветен на Лео кој го држи синот во рацете и натпис: „Лионел, твоето маало те чека шампионе“. Овој мурал настанал пред Мундијалот 2014 во Бразил.

„Лео тука одеше на тренинг за рака со баба му и топка во нозете“, се сеќаваат локалците.

Минатата година Лионел Меси се ожени за својата девојка од детство, Антонела Рокуцо и како подарок од комшиите и другарите одново добил прекрасен мурал на местото каде играле како мали.

Графитот е - Меси опркужен со планети и натпис „Од друга галаксија, но и од наше маало“.

Плус има графит и во школото каде учел:

Во ова школо, Лионел дошол на 18 години кога го прекомандувале од младинската школа на Барселона во првиот тим. Дошол на табла и се фотографирал со учениците и наставничката.

Во основното училиште „Хенерал Лас Ерас“ Меси се вратил само пар пати, на голема радост на наставничкиот колегиум и децата. 

Ни тогаш, а ни сега, Меси таму нема божествен статус како на „Камп Ноу“. Учителките им раскажувале на аргентинските новинари дека се гордеат со Лионел, го ставале во ист ранг со Марадона, но дека како ученик бил ист како и многу други деца.

Лео има нормален однос кон татковината. Понекогаш возел точак во маало, зборувал со другарите од детство на WhatsUp, го посетувал културниот центар на Аргентинците во Барселона и од рака не испуштал мате.

НЕКОЛКУ ПРИЧИНИ ЗОШТО ВО РОСАРИО НЕМА КУЛТ НА МЕСИ

Аргентинските новинари набројуваат четири причини зошто Лионел не го гледаат во родниот град онака како што го гледаат во Барселона:

1. Аргентинците не се толку топли како Бразилците. Имаат љубов најмногу кон себе, а онаа кон другите не ја изразуваат како „кариоките“.

2. Во градот Росарио има едно од најголемите дерби дуели на светот, меѓу Росарио Сентрал, првиот клуб на Лео и Њуелс Олд Бојс. Овие вториве никако не може да го сакаат премногу зошто играл за нивниот најголем ривал. (кај нас е непоимлив овој ривалитет).

3. Меси дома не го донел пехарот од Светско првенство и нема ниту една победа во домашниот шампионат на Аргентина, ставка која е многу важна за тамошниот свет.

4. Меси е скромен, исто и неговото семејство, а за неговата величина ќе се зборува само по крајот на фудбалската кариера.

ИГРАЛ ФУДБАЛ СО ТОПКА ОД ЧОРАПИ И ШИШИЊА НА УЖАСНИ ТЕРЕНИ

На две недели пред раѓањето на Меси на 24 јуни 1987 година, Росарио станал шампион на Аргентина и тоа само што се вратил во првата лига.

Тоа било тешко време за целата земја. На самиот ден на раѓањето на Лео, во Росарио и другите градови имало страшни немири - во Аргентина се донел закон кој ги оправдувал дејствијата на официрите врз локалното население. Тогаш била и голема економска криза.

Само фудбалот и Марадона им помагале на жителите да не мислат на тешките времиња.

Професионалниот фудбал ја веселел земјата а децата, како и секаде во Јужна Америка, играле во услови на тешка сиромаштија. Меси како мал немал топка, ја правел од пластични шишиња и чорапи како што го научиле браќата Родриго и Матијас.

Тие двајца веќе играле за локалниот клуб Грандоли - мал тим без пари и со земјено игралиште на југот од градот.

****

Лионел одел со баба му Селиа Кучитини да ги гледа браќата како тренираат и седел на бетонските трибини.

Еднаш тренерот на младинската екипа Салвадор Апарисио раскажал: „Да, многу беше малечок, но побарав од мајка му постепено и тој да влегува во игра. Нејзе не и се допадна идејата ама затоа баба му викаше: „Ајде, пушти го нека игра детето“. Така Лео првпат од трибини се симна на терен.

„Кога топката првпат дојде до него, тој ја погледна и пушти слободно да помине, не ја ни допре. Следниот пат ја смири со лева нога и одлично трчаше со неа по цел терен. Ги помина сите кои му се најдоа на птот. Јас урлав да подаде, но тој беше мал и не разбираше. Од тој ден остана во мојата екипа“.

Меси тогаш имал пет години. Понатаму во детските категории давал по шест-седум гола на натпревар како од шала. Понекогаш за да дава уште голови одел да ја земе топката од голманот и ја дриблал цела екипа.

На каменестиот терен на стадиончето на Грандоли Меси играл до девет години, додека не се префрлил да тренира во Њуелс Олд Бојс. Неговата генерација ја нарекле „Машината 87’: изгубиле само еднаш за цели четири години!

Понатаму следувала борбата со хормонот на раст, историја која е добро позната и неможноста да се купуваат прескапите препарати. Дошол и фамозниот договор со Барселона на салфетка, Ла Масија, новите познанства (Пике се сеќава на Лео од тогаш: „Кога првпат го видовме како мали, беше толку ситен што мислевме дека се изгубил тука“), па бројот 19, па 10 и 5 Златни топки за најголем на светот.

ПРВИОТ СТАДИОН НА МЕСИ ДЕНЕС: ТРЕВАТА НЕ Е НИШТО ПОСЕБНО

Единствената трибина на која Меси некогаш со баба му ги гледал браќата не е драстично сменета - и натаму е од камен, но има и банер посветен на Меси, со натпис: „Грандоли, родно место на најголемиот“ и табла во знак на сеќавање на тренерот Салвадор кој починал во 2008-ма година.

На теренчето денес се гледа трева, но и натаму не личи на убаво игралиште за фудбал.

Претседателот на клубот Давид Тревес раскажал дека се слушнал со татко му на Меси, Хорхе, кој им помогнал за одржување на теренот, но не кажува со колкава сума Лионел го помогнал својот прв клуб.

Пред Светското првенство 2018 во Русија, дечиња од Росарио облечени во дресови на клубот Грандоли снимиле видео во знак на поддршка на репрезентацијата на Аргентина. Децата давале совети до репрезентативците. Од местото каде почнал најголемиот...