Во едно основно школо во Фиренца, учителката побарала од децата да нацртаат црква (на италијански chiesa/киеза). Некое дете го нацртало фудбалерот на Фиорентина Федерико Киеза со виолетов дрес и копачки. Цртежот станал хит, па Фиорентина го поканила малиот Виторио со татко му да дојдат на првата следна средба.