Еден од најголемите револуционери откако е светот и векот, е симбол околу кој се обединуваат сите жители на Росарио, градот во кој е роден уште еден гениј кој ја смени историјата. Ова е приказна за почетоците на Лионел Меси.
Фудбалот на Аргентинците им тече низ вени и ако некој остане без карта нема шанси да ги собере другарите дома да ја гледаат, туку они ќе се соберат пред стадион и ако треба со глава во ѕид ќе одат. Буквално. Ете ова се навивачите на Росарио Сентрал.
Ќе ви покажат навивачите на Росарио Сентрал. Впрочем и нема други навивачи како аргентинските кои знаат да направат ваква луда кореографија. Што ти е страст за фудбал.