Успехот на Игуаин лежи во рибата и морските плодови

200 гола на клупски план од кои 65 за Наполи. За аргентинскиот напаѓач целта оваа сезона е една и единствена. Скудето.

Гонзало Игуаин со 9 гола заедно со Едер во моментов е најдобар стрелец во Серија А, а два пати стрелаше и во Лига Европа. Тој успеа да се запише на листата на стрелци во 7 кола по ред на домашен терен, а за успехот го исфали нутриционистот кај кој се обратиле и Меси и Агуеро.

„Малку црвено месо, многу риба и морски плодови, елиминирање на шеќерот кој го заменувам со мед. Со оваа исхрана добив голема помош од мојот нутриционист, ослабев 4 кила и се чувствувам многу подобро. Кај истиот човек Меси специјално дојде до Италија за да ја контролира килажата“, вели напаѓачот на Наполи.

Игуаин во Неапол пристигна како трикратен првак со Реал Мадрид во Шпанија, а сега со Наполи успеа да стигне до Купот и Супер Купот на Италија.

Тука имате уште неколку работи за него.

 

17 ноември 2015 - 20:00