Судир на титаните на „Алијанц арената“

Двата големи гиганти на европскиот фудбал кои доминираат оваа сезона во домашните првенства ќе се соочат на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите кој се игра во Минхен. Средба на која слободно може да и го дадеме епитетот финале.

-Последниот двобој на овие две екипи во Лигата на шампионите се случи во четвртфиналето во 2009 година кога Барса со вкупен резултат од 5:1 ги елиминираше Германците.

-Баерн Минхен победи на 18 од последните 19 натпревари на сите натпреварувања. Последниот пораз им е од Арсенал во осминафиналето од Лигата на шампионите.

-Баварците имаат само еден пораз на последните 20 дуели против шпански екипи.

-Статегот на Баерн, Јуп Хаинкес како тренер на Реал два пати беше поразен од Барселона во сезоната 1997/1998.

-Составот на Виланова има само 2 победи на последните 8 гостувања на сите натпреварувања.

-Филип Лам, Данте и Луис Густаво од Баерн, како и Жерард Пике, Жорди Алба и Сонг од Барса ќе го пропуштат реваншот доколку вечерва добијат жолт картон.

-Плејмејкерот на Каталонците, Чави оваа сезона има 1005 успешни додавања во Лигата на шампионите, 470 повеќе од секој играч со 88% успешност.

-Тимот на Баерн два пати во ред се среќава со шпански гигант во полуфиналето од елитното натпреварување. Минатата година го елиминираше Реал Мадрид.

23 април 2013 - 11:20