Ставете ми ја прославата и на ФИФА, не само на ПЕС

Само што дојде на крајот од јануарскиот преоден рок во Марсеј, Марио Балотели покажа зошто важеше за најголем светски талент во Интер, Милан, Манчестер Сити.

Супер Марио веќе постигна 4 гола на 6 меча и му донесе злато вредни бодови на клубот кој се бори за место во Лигата на шампиони следната сезона.

На последниот меч минатиот викенд против Сент Етјен пак ја затресе мрежата, и голот го прослави необично со селфи од мобилен телефон на сред терен.

Во меѓувреме стигна веста дека Konami кој ја прави феноменалната фудбалска видео-игра PES веќе ја ставил оваа прослава на репертоарот.

„Секој пат а направам нешто, одма се шири низ светот“, рекол 28-годишниот Балотели кој неодамна доби повик од селекторот на Италија Роберто Манчини за квалификациите за Европско првенство.

Марио играше неколку сезони во Ница каде на 76 меча псотигна 43 гола, а сега го освојува „Велодром“ (Марсеј со него стигна до 4. место со 44 бода).

Балотели раскажал за прославата со селфи и снимено стори на теренот:

„Му го дадов мобилниот на еден камерман на клубот и му кажав да биде спремен. Дали видеото ќе го прошета светот? Не би ме чудело зошто се случува стално а направам нешто“, рекол Бало за Canal +

Во моментот многумина се сетија на идентичната прослава на Франческо Тоти по гол на едно дерби против Лацио во 2015 година.

„Сакам ваква прослава на гол да има и на FIFA“, напишал Балотели под видеото на неговиот профил на Инстаграм.

Балотели е на поширокиот список на Манчини за натпреварите на Италија против Финска (23 март во Удине) и Лихтенштајн (26 март во Парма) на патот кон ЕВРО 2020.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I want this celebration on @easportsfifa thanks!! 🙏🏾😊😂

A post shared by Mario Balotelli🇮🇹👨‍👧‍👦🦁 (@mb459) on