Коинциденцијата на успесите на Барселона и Реал во Лига на шампиони од 2006-та:
- И двата шпански гиганти во последниве 12 години одиграа по четири финалиња и ги победија сите четири.
- И двете екипи успеаа да стигнат по осум пати во полуфинале.
- Барселона освои едно финале против Јувентус (2015), а потоа и Реал го доби во финале Јувентус (2017).
- Барселона играше и ја освои ЛШ играјќи два пати во финале против иста екипа (Манчестер Јунајтед 2009 и 2011). Реал Мадрид исто така освои два пати ЛШ против иста екипа (Атлетико Мадрид 2014 и 2016).
- Барселона освои ЛШ против четвртопласирана екипа од Премиер лига (Арсенал 2005/2006) и Реал Мадрид освои ЛШ против четвртопласирана екипа од Премиер лига (Ливерпул 2017/2018).
- Барселона и Реал Мадрид се единствените две екипи кои успеале да ја освојат Лигата на шампиони повеќе од еднаш во изминативе 12 години. Претодно тоа го сторил Милан во 2003-та и 2007-ма.
На 18 септември стартува групна фаза од новата сезона.