СЕВИЉА - ЗЕНИТ (21:05)
- Зенит и Севиља последен пат се сретнаа пред девет години, исто во четврт-финалето на тогашниот Куп на Уефа, а Шпанците отидоа понатаму со вкупен резултат 5-1. Русите се бунеа поради двата црвени картони и пеналот за Севиља во Шпанија.
- За Зенит на првиот меч во Севиља настапи Величе Шумуликоски кој две години го носеше дресот на тимот од Санкт Петербург. Од актуелниот состав на Зенит, тогаш настапија Аршавин и Кержаков.
- Севиља е непоразена на последните 10 средби во сите натпреварувања, а Зенит загуби само еднаш на 10 натпревари.
- Дома против руски екипи, Севиља има 3 победи и 1 пораз.
- Зенит победил само два пати на 14 дуели против шпанските екипи и немаат победа на последните седум средби против тимови од Ла Лига. Рускиот состав ги загуби сите шест претходни гостувања на Пиринеите.
- И Севиља и Зенит се поранешни шампиони во Лигата на Европа. Шпанците освојуваа во 2006, 2007 и 2014, а Зенит го крена пехарот во 2008 година.
Можни состави:
Севиља - Серхио Рико, Коке, Пареха, Карико, Тремулинас, Кришовијак, Банега, Алеикс Видал, Ибора, Витоло, Бака.
Отустен: Бето (повреда).
Зенит: Лодигин, Ањуков, Нето, Гарај, Ломбаертс, Ријазанцев, Тимошчук, Хави Гарсија, Витсел, Шатов, Рондон.
Отсутни: Фајзулин, Смолников, Кришито (повредени), Дани и Хулк (суспендирани).
ВОЛФСБУРГ - НАПОЛИ (21:05)
- Рафаел Бенитез, кој денес го слави 55. роденден изјави дека Наполи е најдобриот тим што некогаш го тренирал.
- Волфсбург е најнеискусниот тим од сите што останаа во ЛЕ. Германскиот клуб вечерва ќе го игра 61-от натпревар во Европа.
- Бундеслигашот го елиминираше Интер во претходната рунда со вкупен резултат 5-2. Единствени две средби со италијанските екипи, Волфсбург ги има во сезоната 2008/2009 кога ремизираа 2-2 со Милан и пет години претходно кога загубија со вкупни 3-0 од Перуџа во Интертото.
- Наполи има 16 дуели против германските екипи и учинок од 4 победи, 4 нерешени и 8 порази. На германско тло, Неаполитанците имаат 3 нерешени и дури 5 порази, од кои четири на последните четири средби.
- Наполи не примил гол на последните три гостински натпревари во Европа (1 победа и 2 нерешени).
- Волфсбург прв пат играше во едно четврт финале во сезоната 2009/2010 кога испадна од Фулам кој стигна до финалето.
- Сезонава во Лигата на Европа, Волфсбург има 6 победи, 2 нерешени и 2 порази со гол разлика 21:12.
- Наполи сезонава во ЛЕ има 7 победи, 2 нерешени и 1 пораз со гол разлика 19:4.
Можни состави:
Волфсбург - Бенаљо, Виериња, Налдо, Кноче, Родригез, Гилавуги, Густаво, Перишиќ, Де Брујне, Калиџури, Дост.
Отсутен: Хунт (повреда)
Наполи: Андухар, Стриниќ, Албиол, Кулибали, Маџо, Инлер, Гаргано, Мертенс, Хамшик, Каљехон, Игуарин.
Отсутни: Ѕунига и Мичу (повредени).
Први натпревари Лига Европа, четврт-финале:
Севиља - Зенит (21:05)
Клуб Бриж - Днипро
Волфсбург - Наполи
Динамо Киев - Фиорентина