Се потпишал ли некој друг наместо Пандев?

Светската куќа на фудбалот возврати на обвинувањата. Горан Пандев тврди дека тој гласал за Мурињо, а ФИФА денес го објави официјалниот документ доставен од ФФМ од кој се гледа дека Пандев гласал за Дел Боске. Но дали тоа е потписот на Горан Пандев?

Најпрвин Пандев обвини дека гласал за Мурињо, но неговите гласови според списокот на ФИФА, им биле поделени на Дел Боске, Манчини и Клоп,. Веднаш потоа се огласи и ФИФА со тврдење дека имаат документот од ФФМ од кој се гледа дека Пандев не гласал за Мурињо, а денес тие и го објавија тој документ.

Документот испратен од ФФМ до ФИФА со наводен потпис од Горан Пандев:

А ова е потписот на Пандев на еден автограм:

22 март 2013 - 12:50