Рома доби лекција по фудбал на Енфилд Роуд

Со брз и модерен фудбал, базиран на страшен напад предводен од убиственото трио Салах - Фирмино - Мане, фудбалерите на Ливерпул ја разбија Римската Волчица која на Олимпико во Рим ќе ја има истата задача како против Барселона. Да брка ново чудо од 3:0 за пласман во финале.

ЛИВЕРПУЛ - РОМА 5:2
Салах 36` 45`, Мане 56`, Фирмино 61`, 69` - Џеко 81`, Пероти 85` (п)

25 април 2018 - 08:50