Правата за преноси на фудбалските натпревари во Велика Британија ги имаат Скај и БТ, а тие за ова задоволство следната сезона ќе платат 3,018 милијарди долари. Дополнителни 178 милиони фунти ќе бидат инкасирани од БиБиСи кои оваа сума ќе ја платат само за емитување на скратени снимки со најинтересните моменти од натпреварите.
Во моментов Премиер лигата заработува 1,4 милијарди фунти од продажбата на ТВ правата во странство, но се очекува дека и оваа сума ќе се зголеми, па за следната сезона Англичаните очекуваат вкупен приход од над пет милијарди фунти.
Со зголемувањето на вкупниот приход ќе се зголеми и паричниот фонд кој ќе го добијат клубовите, па шампионот следната година ќе инкасира 100 милиони фунти само од ТВ правата.