Кариерата на Кајл започнала во тимот на Сандерленд каде настапувал шест сезони, а до 2010 година бил дел и од шкотската селекција за која има 10 настапи. Го носел дресот и на Килмарнок, Глазгов Ренџерс и Ковентри, а претходно бил на позајмица уште во неколку клубови.
Во врвот на неговата кариера стигнал до неделна плата од 10.000 фунти, но скоро сите пари ги оставал во кладилница каде трошел по 7.000 фунти неделно. Последниот трансфер го направил во шкотскиот нисколигашот Ејр од каде поради повреди не успеал да се пресели во нов клуб.
Иако не е престарен за фудбал и има 33 години Кајл морал да се фати за друга работа и почнал да работи на брод на кој се пренесуваат шкотски работници. Тој сега чисти подови, мести кревети и се грижи за набавките со храна по 12 часа дневно, а за тоа добива по 400 фунти неделно.
Кога го прашале во врска со работата одговорил дека мора на некој начин да придонесе за своето семејство кое му се состои од сопруга и три деца.
За време на неговата смена не сака да зборува за фудбалската кариера, а тоа им го наложиле и шефовите на неговите колеги за да не го прашуваат за минатото.
Поранешната фудбалска ѕвезда на островот која во 2006 година направи трансфер во Ковентри за 600.000 фунти, им дава совети на помладите играчи како да не го фатат неговиот погрешен пат поради кој место со топка, сега работи со метла.