
Кени Морганс беше член на генерацијата оформена од Сер Мет Баби кои без проблеми ја освоија англиската лига во 1956-та и 1957-та година и покрај тоа што просечната возраст на фудбалерите беше 21 година. Екипата на Манчестер Јунајтед го доби прекарот „Бебињата на Базби" и се предвидуваше дека тие ќе доминираат во англискиот и европскиот фудбал во следните години.
Но на 6-ти февруари во 1958-та година, на враќање од натпреварот за Европскиот Куп во Белград против Црвена Ѕвезда, авионот со експедицијата на Манчестер Јунајтед се сруши во Минхен. Од вкупно 44 патници во авионот, загинале 23, а осум од нив биле фудбалери на Манчестер Јунајтед и тројца членови на стручниот штаб.
Еден од преживеаните беше и Кени Морганс кој успеа да се опорави од повредите и продолжи да игра за Манчестер Јунајтед. Кени Морганс почина во 73-та година од животот.