Победнички старт за шампионите

Европскиот и англискиот шампион стартуваа со победи во Премиер лигата. Челси предводени од новото засилување Еден Азар триумфираше на гостувањето кај Виган, а новиот Премиер-лигаш Саутемптон не успеа до крај да издржи против Манчестер Сити.

Европскиот шампион тргна шампионски и во Премиер лигата. „Плавите" од Лондон славеа против Виган по одличен почеток во првите минути.

Еден Азар веќе почна да им се исплати на Челси. Тој имаше улога при постигнувањето и на двата гола. Најпрвин уште во втората минута му асистираше на Бранислав Ивановиќ при постигнување на првиот гол, а по пет минути врз него беше направен прекршок за пенал. Сигурен реализатор од белата точка беше Френк Лампард.

Фудбалерите на Виган бргу ги консолидираа редовите и почнаа да напаѓаат, но Челси со нивната препознатлива игра успеа да го зачува голот и мрежите мируваа до крајот на натпреварот.

Старт со победа имаше и актуелниот шампион на Англија. Манчестер Сити и Саутемптон одиграа интересен натпревар полн со голови и пресврти, но на крајот славеа домаќините.

Сити имаше шанса да поведе уште во 17-та минута, но Дејвис успеа да го одбрани пеналот на Давид Силва. Сепак тие на одморот помеѓу двете полувремиња заминаа со предност откако Тевез го искористи сомнителното додавање од Насри и постигна гол за 1:0.

Тренерот на Саутемптон направи две измени и тие вродија со плод во второто полувреме, па неговата екипа направи целосен пресврт со головите на Ламберт и Дејвис.

Сепак тие немаа сили да го задржат водството, па Џеко израмни во 72-та минута, а Насри на десет минути пред крајот го постигна победничкиот погодок за Манчестер Сити.

Победата на Сити може да биде засенета од повредата на Серхио Агуеро кој мораше да го напушти теренот уште во 11-та минута.

ПРЕМИЕР ЛИГА - 1. коло:

сабота
Арсенал – Сандерленд 0:0

Фулам – Норич 5:0
Даф 26, Петриќ 41, 54, Качаниклиќ 66, Сидвел 87

КПР – Свонси 0:5
Мичу 8, 53, Дајер 63, 71, Синклер 81

Ридинг – Стоук Сити 1:1
Ле Фондр 90пен - Кајтли 34

ВБА – Ливерпул
Гера 43, Одемвинги 64пен, Лукаку 77

Вест Хем – Астон Вила
Нолан 40

Њукасл – Тотенхем 2:1
Ба 55, Бен Арфа 80 - Дефо 76

недела
Виган - Челси 0:2
Ивановиќ 2, Лампард 7пен

Манчестер Сити – Саутемптон 3:2
Тевез 41, Џеко 72, Насри 80 - Ламберт 59, Дејвис 68

понеделник
21.00 Евертон – Манчестер Јунајтед

19 август 2012 - 20:01