Сезоната почна бурно, откако Жозе Мурињо ја отстрани од тимот симпатичната докторка Ева Карнеиро по ремито на Челси 2-2 против Свонси во првото коло. Влегла без потреба во судиското продолжение, урлаше Мурињо.
Сега вниманието на јавноста се префрли во Русија. Викторија Гамеева стана фаворит да ги придобие симпатиите во фудбалскиот свет откако нејзините фотографии на Инстаграм на кои таа ги прегледува фудбалерите на Спартак Москва станаа хит.
Освен фотографиите на кои врши медицински прегледи, убавата Викторија постира и моменти од плажа. Иако од Спартак Москва негираа дека ја ангажирале Викторија само за да привлечат внимание, на крајот Московјаните тоа го постигнаа.