Правдата е бавна, но достижна.
Судијата утврдил дека „полициска грешка придонела за опасната ситуација и дека навивачите на Ливерпул со своето однесување не ја предизвикале несреќата, што значи дека незаконски загубиле живот и дека за тоа некој е одговорен", пишува БиБиСи.
Со оваа пресуда, семејствата на загинатите конечно добија каква таква сатисфакција, затоа што според нив правдата конечно е задоволена и покрај тоа што вистината долго се криела и се измислувало дека „пијани хулигани“ се виновни за страшната трагедија.
Во извештајот на лорд Тејлор од 1990. година пишувало дека главната причина за трагедиајта е лошата полициска контрола при влегувањето на навивачите, но тогашните власти во Англија одлучиле дека нема доволно докази да се отвори истрага.
Трагедијата се случила во пресрет на полуфиналниот меч од ФА Купот меѓу Ливерпул и Нотингем Форест на стадионот Хилсборо во градот Шефилд на 15. април 1989. година.
По самиот почеток на мечот полицијата ги отворила вратите на Хилсборо со цел да ја смали гужвата пред стадионот и на тој начин им дозволила на илјадници навивачи да се залетаат на трибината која веќе крцала. Од силниот налет и стампедото загинале 94 навивачи, а двајца подоцна после тешките повреди.
По долго натегање со судот и полицијата, оригиналната пресуда за изненадна смрт е поништена пред четири години и тогаш се отвори нова истрага. Меѓу другото, судот заклучил и дека полицијата доцнела со прогласување на одлуката за вонреден инцидент, па поради тоа доцнела и лекарската служба за помош.
Кога ја слушнале пресудата за незаконско убивање, семејствата на загинатите и нивните адвокати се гушнале и викнале во судницата: „Алелуја, конечно!“.
Документарен приказ за трагедијата: