Екипите на Ливерпул и Евертон се огромни ривали на теренот, но надвор од него помеѓу навивачите на двата клуба постои взаемна почит, а тоа денес повторно се докажа. Пред почетокот на натпреварот против Њукасл, Евертон им оддаде почит на 96 навивачи на Ливерпул кои загинаа пред 23 години на Хилсборо.