Откако беа објавени долго сокриваните документи за трагедијата на Хилсборо кога во 1989-та година загинаа 96 навивачи на Ливерпул, целото коло во Премиер лигата им беше посветено на жртвите.
Евертон, градскиот ривал на Ливерпул, пред почетокот на дуелот со Њукасл, на теренот на стадионот Гудисон парк ги изведе играчите предводени од девојче во дрес на Евертон со број 9 и момче во дрес на Ливерпул со број 6, симболизирајќи го бројот 96 во сеќавање на загинатите навивачи.
Овој потег со воодушевување беше прифатен и од навивачите на Евертон кои на свој начин им оддадоа почит на соседите.