Како судот го обели образот на навивачите на Ливерпул

Долгата три децениска сага за тоа кој е виновен за смртта на 96-те навивачи на Ливерпул кои загинаа во стампедо, може да има судски епилог на 9 август кога на рочиште ќе се појават шестмината обвинети полицајци.

Британското обвинителство на 26 април минатата година утврди дека навивачите не се виновни, туку дека полициска грешка ја предизвикала трагедијата на стадионот Хилсборо во Шефилд во 1989-та, кога загинаа 96 навивачи на Ливерпул во пресрет на мечот против Нотингем Форест.
 
Со тоа семејствата на загинатите конечно добија каква таква сатисфакција, затоа што според нив правдата конечно е задоволена и покрај тоа што вистината долго се криела и се измислувало дека „пијани хулигани“ се виновни за страшната трагедија.
 
Дејвид Дакенфилд е името на 72 годишниот командир на полицијата на кој ќе му се суди за 95 загинати, а со затворски казни се соочуваат уште петмина негови колеги. Кривична одговорност нема да имаат само за една жртва, бидејќи е почината четири години потоа.
 
Судското рочиште за шестмината обвинети полицајци е закажано за 9 август, а судот за најголемата трагедија во британскиот спорт се произнесе на следниов начин:

1. Дали се согласувате дека 96 луѓе умреа на 15 април 1989 на Хилсброу Стадионот, како резултат на рушење на навивачката трибина заради пропуштање на преголем број навивачи во стадионот? ДА.
 
2. Постоеше ли грешка или пропуст во полициското планирање и подготовка за натпреварот, кое предизвика или придонесе за несреќата? ДА.
 
3. Постоеше ли грешка или пропуст во полициското постапување за време на натпреварот, кое предизвика или придонесе за развој на настаните на навивачката трибина која се урна? ДА.
 
4. Постоеше ли грешка или пропуст во работењето на полициските командири кое предизвика рушење на трибината? ДА.
 
5. Постоеше ли грешка или пропуст во работењето на полициските командири при рушење на трибината кога биле издадена наредба да се отворат влезовите на трибината? ДА.
 
6. Дали можете да потврдите со сигурност дека загинатите од несреќата се противзаконски убиени? ДА.
 
7. Дали одредено однесување на навивачите придонело за опасната ситуација во влезовите на трибината? НЕ.

8. Дали дизајнот и градбата на стадионот придонеле или биле причина за несреќата? ДА.
 
9. Дали имало пропусти или грешки во безбедносниот сертификат на Хилсброу што придонеле или биле причина за несреќата? ДА.
 
10. Дали имало пропусти или грешки од Шефилд Венсдеј и неговиот персонал во подготовка на стадионот за натпреварот, кои придонеле или биле причина за несреќата? ДА.
 
11. Дали имало пропусти или грешки од Шефилд Венсдеј и неговиот персонал кои довеле или биле причина за опасностите во подтрибинскиот простор за време на несреќата? ДА.
 
12. Дали градежната компанија која го проектирала и изградила Хилсброу, можела да направи повеќе за да ги детектира слабостите на стадионот кои довеле или биле причина за несреќата? ДА
.
13. Дали постоеле грешки или пропусти во постапувањето на полицијата, откако почнало рушењето на трибината, кои придонеле за губиток на човечките животи? ДA.
 
14. Дали постоеле грешки или пропусти во постапувањето на амбулантскиот сервис, откако почнало рушењето на трибината, кои придонеле за губиток на човечките животи? ДА."
 
Целата истрага за трагедијата во бројки

29 јуни 2017 - 13:42