Плакетата во сабота на половина час пред дуелот Евертон - Ливерпул треба да ја откријат Бил Кенрајт, претседателот на Евертон и Маргарет Аспинал, претседател на здружението Hillsborough Family Support Group.
Синот на Маргарет Аспинал загинал на 15. април 1989 година на дуелот против Шефилд на Хилсброу, а за идеата на Евертон вели дека е дојдена во право време, кога здружението сака да ја разоткрие вистината за трагедијата.
„Сакам да му се заблагодарам на Бил и на сите што учествуваа и пред сè на навивачите на Евертон кои непрестано им даваат поддршка на семејствата на загинатите навивачи од Хилсброу", изјави Аспинал за Дејли спорт.
Иницијативата за комеморативната плакета дошла од Стефан Кели, навивач на Евертон, чијшто брат Мајкл загинал во трагедијата која што се случи пред 26 години.
„Како Евертонец кој го загубил својот брат на Хилсброу, секогаш сум благодарен на поддршката од синиот дел на градот. Се надевам дека кога сите Евертонци ќе ја видат плакетата, ќе бидат горди на начинот на кои ја искажуваме почитта кон нашите соседи", изјави Кели.
Во моментов на табелата Ливерпул е седми со 38 бодови, а Евертон е 12-ти со 12 бодови помалку. Претходниот дуел на Енфилд Роуд, на 27. септември заврши 1:1 откако Хејтинга со гол во судиското продолжение им донесе бод на карамелите.