Хилсборо и денот кога 96 навивачи никогаш не се вратија дома

За навивачите на еден од најгславните светски клубови, 15. април е датум којшто засекогаш ќе го паметат и одбележуваат. Пред точно 28 години се случи најголемата трагедија во европскиот фудбал кога 96 навивачи на „Редси“ загинаа во стампедо.

На 15. април 1989 година се играл дуелот кој со црни букви е забележан во европскиот и воопшто светскиот спорт. Во полуфналето на ФА Купот, на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд се сретнале Нотингем Форест и Ливерпул.

И покрај тоа што клубот од „Енфилд Роуд“ дошле да го бодрат илјадници навивачи, тие добиле една мала трибина со само еден излез од вкупно седум на стадионот.

Дејвид Дакенфилд е името на полицискиот службеник кој наредил да се отвори и подтрибинскиот тунел после што на и онака веќе претерано полната трибина „Лепинг Лејнс“ влегувале уште стотици навивачи. Само што почнал мечот на преполната трибина меѓу навивачите на Ливерпул настанало стампедо, гостинската публика паѓала една врз друга, се рушеле и огради и дел од излезите.

Во страшниот хаос загинале дури 96 навивачи а 14 биле префрлени во болница. На останатите повредени никој не им пружил помош а децениските судски рочишта докажаа дека бар 46 од загинатите можеле да се спасат доколку имало навремена реакција на надлежните служби.

Повеќе од 20 години навивачите на некогашниот европски првак бараа правда на суд, клубот секоја година во меморијалниот центар за жртвите од Хилсборо се сеќава на нив.

 

Истрагата за тоа кој е виновен за трагедијата од невидени размери неколку пати била прекинувана па продолжувана, а во 2012. година правдата беше задоволена - Судот досуди дека навивачите на Ливерпул не се криви и дека власта и полицијата тогаш сакале да го заташкаат случајот.

Фудбалерите на Ливерпул, предводени од капитенот Џордан Хендерсон и тренерот Јирген Клоп, заедно со Хилсборо Фемили Сапорт Груп денес преку присуство на миса за настраданите ќе се сетат на нив.

Играчите ќе одржат и спомен на жртвите во нивниот тренинг камп Мелвуд.

 

15 април 2017 - 13:34