За навивачите на еден од најгславните светски клубови, 15. април е датум којшто засекогаш ќе го паметат и одбележуваат. Пред точно 28 години се случи најголемата трагедија во европскиот фудбал кога 96 навивачи на „Редси“ загинаа во стампедо.
Како пред секој меч, така и пред дербито со Арсенал, на Енфилд Роуд грмеше You'll never walk alone. На официјалниот клупски канал, Црвените објавија видео на кое може да го фатите секој агол од трибините со помош на маусот. Интересно искуство.