„Петарди“ и изненадувања на стартот на Премиер лигата

Ако утрото по денот се познава, тогаш ни претстои многу интересна сезона во Премиер лигата полна со голови и изненадувања. Два натпревари завршија со 5:0, Њукасл го победи Тотенхем, Арсенал освои само бод, а Ливерпул си продолжи со слабите резултати.

Новиот тренер, Брендон Роџерс имаше лош старт на клупата на Ливерпул на гостувањето кај ВБА. Неговата екипа беше поопасна на почетокот кога се закани Луис Суарез, но тоа беше се што тие сторија.

На две минути пред крајот на првиот дел домаќините поведоа со одличниот погодок на Золтан Гера од околу 20 метри.

Во слабото второ полувреме беа покажани два пенали за ВБА и црвен картон за Агер од Ливерпул. Раина успеа да го одбрани ударот од белата точна на Шекн Лонг во 60-та минута, но по четири минути не успеа да го спречи Одемвинге кој зголеми на 2:0. Точка на натпреварот стави Ромел Лукаку во 77-та минута кој оваа сезона е позајмен во ВБА од редовите на Челси.

Неуспешно деби на клупата на Тотенхем имаше и Андре Виљаш Боаш откако неговата екипа загуби на гостувањето кај Њукасл. Тотенхем немаше пораз од Њукасл на последните пет натпревари, а минатиот пат кога се сретнаа тие славеа со 5:0, но овој пат домаќините се одмаздија.

На првиот гол на натпреварот се чекаше до десеттата минута во второто полувреме кога Демба Ба со уште една негоа мајсторија откосо ја затресе мрежата на Тотенхем.

Џермејн Дефо ја искористи грешката на Крул во 76-та минута и израмни на 1:1, но по три минути Хатем Бен Арфа изнуди пенал и истиот фудбалер ја искористи најстрогата казна и ги освои трите поени за Њукасл.

Новите засилувања, Казорла, Жиру и Подолски најверојатно не успеаја да го надополнат заминувањето на Робин ван Перси, па на стартот од новата сезона потфрли и Арсенал кој одигра само 0:0 со Сандерленд на домашен терен.

Квинс Парк Ренџерс доживеаја вистински дебакл на свој терен и беа поразени со 0:5 од Свонси. Одличен старт на сезоната имаше и Фулам кој со 5:0 го совлада Норич. Вест Хем минимално ја совлада Астон Вила, а Ридинг и Стоук ги поделија бодовите.

ПРЕМИЕР ЛИГА - 1. коло:

сабота
Арсенал – Сандерленд 0:0

Фулам – Норич 5:0
Даф 26, Петриќ 41, 54, Качаниклиќ 66, Сидвел 87

КПР – Свонси 0:5
Мичу 8, 53, Дајер 63, 71, Синклер 81

Ридинг – Стоук Сити 1:1
Ле Фондр 90пен - Кајтли 34

ВБА – Ливерпул
Гера 43, Одемвинги 64пен, Лукаку 77

Вест Хем – Астон Вила
Нолан 40

Њукасл – Тотенхем 2:1
Ба 55, Бен Арфа 80 - Дефо 76

недела
14.30 Виган- Челси
17.00 Манчестер Сити – Саутемптон

понеделник
21.00 Евертон – Манчестер Јунајтед

18 август 2012 - 22:58