Се работи за сезоната 2010/2011 во која Марио Гомез на Сан Сиро постигна гол во 90-та минута за триумф од 0:1 и му го искомплицира осминафиналето на бранителот на титулата.
Во Минхен се биеше тешка битка. Ето го отвори резултатот уште во 4 минута, но Гомез и Милер за 10 минути во првиот дел го свртија резултатот.
За момците на Мурињо имаше уште многу работа и во таква ситуација за четвртфинале им требаше да одговорат со два гола и победа од 2:3.
Снајдер израмни во 63-та минута, а 88-ма ќе остане незаборавна за Горан, Интер и нивните навивачи. Токму македонската легенда ја објаснува драмата на крај.
„Бев многу уморен, но кога видов дека Снајдер го игра Ето, знаев дека Самуел ќе ја одигра и си реков Горан направи го последниот трк. Потоа ми направи одлична асистенција, ми дојде на лева и влезе во агол. Не ни гледав каде шутирам.
Кога гледаш дека ти доаѓа топка даваш 1000% од себе за да ја сместиш во гол. Ето одигра одлично, а мене ми преостана само да ја сместам. Бевме во тешкотии, но големи екипи се гледаат во вакви моменти. Што можам да кажам за Ето? Голем играч и шампион кој ни помогна да освоиме трофеи“.