Новиот Дејвид Бекам игра во Леванте и е снајперист со милиметарска прецизност

Шпанските медиуми не штедат зборови за нашата гордост Енис Барди и пред и по синоќешниот дуел со Реал Сосиедад, а ние не паметиме ваков старт на македонски фудбалер во некоја од најсилните европски лиги. Само Ѕаѕа, Гомез и Меси имаат повеќе голови од него во Ла Лига.

За Барди пишуваат и го величат Марка, АС и уште ред други шпански спортски медиуми. Се расфрлаат со разни епитети како дијамант, снајперист и највозбудлив трансфер на сезоната во Леванте.
 
Македонскиот репрезентативец на пријателски средби ги начна мрежите на Ла Нусија, Кадиз и Виљареал, а во домашното првенство стрелаше против Ла Коруња, Валенсија и Реал Сосиедад.
„Леванте има тајно оружје оваа година. Се помалку таинствено, но подеднакво оружје. Снајперист со милиметарска прецизност. Се вика Енис Барди и има за цел да биде едно од откровенијата на ова првенство. До денес, 4 од 4 ги даде директно од слободен удар. Еден на предсезонските пријателски натпревари и уште еден против Депортиво Ла Коруња.
 
Младиот Македонец е цврсто посветен во Леванте кој собра добри изваштеаи за него во текот на целата сезона каде се бореше во скромниот Ујпешт во речиси непознатата унгарска лига. Така беше и на ЕП У-21 на кое играше во јуни месец во Полска и каде блескаше.
На неговото доаѓање тој покрена одредено очекување и веќе во предсезоната почна да ги заслепува и домаќините и странците. Тој има визии да стане новиот Бекам на Леванте и на лигата. На 22 години тој е дијамант, стои во пишувањата на АС за него на 8 септември“.

„22 годишниот македонски играч од среден ред Енис Барди е највозбудливото егзотично потпишување на сезоната во Леванте. Барди дојде од Ујпешт и потпиша за 1,5 милиони по одличното Европско за неговата земја на кое го привлече вниманието на неколку европски клубови.
 
Конечно Леванте го зеде овој играч, кој е брз, експлозивен и се издвојува со неговата десна нога.
Се смета за еден од најдобрите играчи од Македонија и за неговиот поранешен клуб, Ујпешт каде минатата сезона постигна 12 гола и 7 асистенции. За три сезони во Унгарија на 79 средби постигна 20 гола, а на ЕП У-21 беше возач во својата селекција.
 
Барди игра во среден ред каде се движи кон илјада чуда. Тој е брз играч помеѓу линиите и технички спремен. И покрај тоа што се спушта за да прима топки на центар, потоа влегува во опасност со неговата десна нога. На кратко, тој е клучниот играч на Леванте и една од клучните карти со која Мунис ќе се соочи со Реал Сосиедад.
 
Македонскиот играч од среден ред е најдобар стрелец заедно со Иви, а Моралес е на трета позиција. Затоа важноста на Барди на почетокот од Ла Лига е од суштинско значење за тимот, не само поради головите, туку и поради тоа што е играч со најмногу таленти и креативност, стои во анализата на es.vavel.com во очи на синоќешниот дуел со Реал Сосиедад“.

„Летниот бизнис план на Леванте се докажа дека е добро осмислен со Иви Лопез и Енис Барди кои имаа силен старт, пишува Марка на два дена пред средбата со Реал Сосиедад“.

„Од каде се појави Барди? Уште едно голчиште на Македонецот, стои во најпознатиот шпански весник по неговото ремек дело синоќа“.

И дечки дај малце олабавете на Фејсбук со препукувања на национална основа. Сепак величаме фудбалери кои играат за македонска репрезентација. 

22 септември 2017 - 12:27