Нова судиска грешка - до кога веќе?

Сезонава судиите во двете најголеми европски натпреварувања направија еден куп кардинални грешки. Вечерва Салцбург надомести големи 2-0 против Олимпик Марсеј, макотрпно се избори за продолженија а таму судиите на Французите им дадоа непостоечки корнер после кој Марсеј постигна злато вреден гол за финале.

Рускиот судија Сергеј Карасјов во 117’ минута прифати тотално погрешна сигнализација од својот помошник и досуди корнер за Марсеј. Димитри Паје центрираше а Роландо даде гол за конечни 2:1.

***
Марсеј така стигна до своето трето европско финале, а фудбалерите на Салцбург вриштеа од нервоза иако и гостите во еден момент беа оштетени за пенал после играње со рака на домашен фудбалер во шеснаесетникот.

Притоа Салцбург вториот гол го постигна од сомнителна офсајд ситуација.

4 мај 2018 - 00:10