Најпознатите инциденти во фудбалот во детска верзија

Божјата рака на Марадона, гризењето на Суарез, главата на Зидан и уште неколку славни прљави моменти од фудбалот кои уште многу години ќе се раскажуваат, ги глумеа деца.

Дарен и Том се автори на проектот кој го крстија “Bad Boys FC” и со поддршка на весниците Сан, Телеграф, Експрес, Креатив Ривју и Мирор, овековечија неколку незаборавни инциденти со деца.

„Сакавме да прашаме дали играта која се повеќе предизвикува контроверзи во текот на годините, со постојан раст на платите и славен начин на живот, сè уште го создава правото да биде модел од кои ќе учат младите.“

Паролата која Марио Балотели ја извади за време на дербито во Манчестер.

Божјата рака на Марадона за време на Мундијалот 1986 на мечот Аргентина – Англија.

Гризењето на Луиз Суарез каде жртва беше Бранислав Ивановиќ.

Инцидентот меѓу Дејвид Бекам и Диего Симеоне за време на Мундијалот 1998.

Главата на Зинедин Зидан во дуел со Марко Матераци на Мундијалот 2006 по кој ја заврши кариерата.

Кунг фу ударот на Ерик Кантона на мечот Манчестер Јунајтед – Кристал Палас 1994/1995.

Реакцијата на Мартин Кион откако Ван Нистелрој промаши пенал на дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал 2003/2004.