Мексиканскиот Руди Гобер

Францускиот репрезентативец кој со голем успех игра во НБА веќе неколку сезони, ја запрепасти јавноста откако на новинарско прашање дали има симптоми на коронавирус намерно ги испофаќа сите микрофони и предмети на масата. После неколку часа беше позитивен на коронавирус, па се извинуваше. Уште поглуп потег во 2009-та направил еден Мексиканец.

Поранешен фудбалер на Чивас, Ектор Рејнозо, среде пандемија на свински грип на еден меч против чилеански Евертон му плукнал во лице на Аргентинецот Себастијан Пенко и му рекол: „Ете сега и ти имаш свински грип, те заразив“:

После натпреварот изјавил: „Секако дека згрешив, но за време на борбата тешко е да се контролираш. Ми дојади што нас Мексиканците на сите гостински натпревари нè викаа заразени“, така се правдал Мексиканецот кој подоцна бил негативен на тестот.

Глупоста на Гобер

Како светот се справи со свинскиот грип во 2009-та

18 март 2020 - 12:14