Пред 11 години светот прележа панедмија на свински грип, и тогаш имаше заболени фудбалери

Пандемијата со коронавирус не е прв ваков случај во ХХI век. Во 2009 година светот веќе преживеа моќна инфекциска болест: свински грип зафати повеќе од 200 земји, го стопираше спортот и посеа страв во светот.

СВИНСКИОТ ГРИП БЕШЕ ПООПАСЕН ОД СЕЗОНСКИОТ (ПРЕДИЗВИКУВАШЕ СИЛНА ПНЕВМОНИЈА), НО ПОРАДИ НЕГО НЕ ЗАТВОРАА ГРАНИЦИ

На 18 март 2009 година во Мексико беше регистриран првиот смртен случај од нов вирус кој го нарекоа свински грип (H1N1).

И покрај овој назив, Светската организација за заштита на здравјето на животните не потврди дека овој вирус е распространет меѓу свињите и како се пренесува на човекот.

Просто генетички H1N1 бил сличен на свински грип кој бил пронајден во '20-те години на минатиот век (во многу ретки случаи, имало околу 50 потврдени случаи). Се пренесувал од животни на луѓе.

N1H1 не беше поврзан со сезона (можни заболувања имаше и на лето), имаше голем процент на смртност, водеше кон вирусна пневмонија (многу поопасна од обичната). Од овој грип умреа лица помлади од 55 години.

На 27 април таа 2009-та, 40 дена после првиот случај во Мексико, инфицирани се јавија и во Шпанија и Велика Британија. Вирусот ја зафати скоро цела Европа, а после се префрли на Австралија и Азија.

Тогаш СЗО објави пандемија на свински грип и прогласи петто ниво на опасност (болест која е распространета на неколку земји).

На крајот од мај 2009-та, СЗО соопшти жална статистика: 12.000 заболени во 43 земји, 86 смртни случаи. Секој ден стигнуваа информации за нови илјадници заболени. Во октомври свинскиот грип веќе се распростани на 210 земји (во 39 од нив луѓе умираа) и уби околу 3.500 луѓе.

Силната пандемија на H1N1 влијаеше и на светот на спортот. Фудбалот прво Мексико имаше сериозни проблеми. Клубовите од други земји кои требаше да гостуваат во Мексико бараа да им се одложат натпреварите или пак да ги префрлат на неутрален терен.

Тогаш дури и Сан Луис и Гвадалахара, два мексикански клуба кои стигнаа до 1/8 финале на Копа Либертадорес, беа практично исфрлени од турнирот. Претставници на мексиканскиот фудбал сметаа дека ова е кршење на нормите на конкуренција во латинскиот фудбал, но ништо не можеа да направат зошто ризикот веќе беше голем.

Во Европа жаришта беа Велика Британија и Германија. Во октомври Обединетото кралство имаше сериозна критична ситуација.

Свинскиот грип ја зарази жената на поранешниот премиер Тони Блер, Шери Блер и таа ја пропуштила церемонијата врачување диплома за докторски степен не универзитетот во Ливерпул. Кога Англија го достигна пикот, по 10.000 луѓе дневно се јавувале во болниците. 

Но мерките во борбата со вирусот не беа како денес. Никој не затвораше граници (ниту Мексико), немаше карантин, забрана за јавни собири и вонредни ситуации.

Во Германија советуваа да не се оди по фестивали. Во Русија ограничија увоз на свињи, во САД кој е сосед на Мексико затворија неколку школи и подрастични проверки на аеродроми.

Светот го спаси од паника фармацевтскиот гигант GlaxoSmithKlin кој претходно како да се спремал за апокалипса и цели 3,5 години работел на вакцина за свински грип. Компанијата оперативно ја заврши работата и веќе во јуни 2009-та почна со производство на готова вакцина.

Во септември 2009 GlaxoSmithKlin ги достави првите вакцини за Велика Британија и САД. Подоцна оваа вакцина ја доставија во 50 земји, а сиромашните држави ја добија бесплатно.

КАКО СВИНСКИОТ ГРИП ВЛИЈАЕШЕ НА ФУДБАЛОТ, ДУРИ И КРИСТИЈАНО РОНАЛДО МОЖЕШЕ ДА СЕ ИНФИЦИРА

Прв сериозно настрада клубот Монако во кој заболеа четворица. Епидемијата почна со Аргентинтецот Алехандро Алонсо кој се инцифицирал додека бил на одмор. Потоа заболеа Хрватот Покривач, Французите Монгонгу и Мангане.

„Лекарите го прегледуваа цел персонал и фудбалери. Заболените беа во карантин во едно крило од клупскиот хотел. Забрането им беше да одат каде било“, се сеќава Хрватот Јерко Леко кој играше во тоа време за Монако.

Во Бундеслигата немаше многу латино-американци но свинскиот грип таму направи сериозен ланец.

ИЛУСТРАЦИЈА ЗОШТО ИНФЕКЦИЈАТА Е ТОЛКУ ОПАСНА?

Во август 2009 година два члена на стручниот штаб на американскиот клуб Галакси се заразиле со свински грип.

Во клубот не ги прегледувале персоналот па овие двајца продолжиле да си одат на работа и да ги заразат сите околу нив.

Од вирусот се инфицираа и Лендон Донован кој дури играл и за репрезентацијата на САД на меч против Мексико. Во репрезентацијата не обрнале внимание на кашлицата и температурата на Донован па тој против Мексиканците одиграл 90 минути!

После мечот препознал сериозни симптоми на свински грип кој ја распалил инфекцијата на соиграчите и противничките фудбалери.

„За време на натпреварот ми беше ужасно. Дури и не памтам кога претходно во животот сум се чувствувал така лошо. После мечот се вратив во хотелот, легнав да спијам, а сабајлето се разбудив во оган. Температурата ми беше до 38“, изјавил Лендон Донован.

Проблемот бил во тоа што докторите криеле од другите играчи и медиуми дека Донован е болен. За свинскиот грип во репрезентацијата на САД соопштиле после неколку дена кога репрезентативците се разлетале назад по своите клубови, меѓу другите и во Европа.

Хановер моментално ги отстранил од тренинзи и ги пратил во карантин американскиот стопер Стивен Черундоло и бразилскиот бек Винисиус (имал близок контакт со Черундоло), а Менхенгладбах го пратил Мајкл Бредли на испитувања.

„Бесен бев како претставниците на репрезентацијата на САД не не известија на време за тоа што се случило. Што ако кај нас почнеше епидемија?“, гневен бил Дитер Хекинг од Хановер.

ЗАКЛУЧОК: Навреме преземени мерки ќе го спречеле ширењето на болеста.

Едно од сериозните жаришта на свински грип тогаш беше Северна Америка.

Луѓето од овој дел на светот за малку не го пренеле вирусот и во Ла Лига. Во средината на август Реал Мадрид ја завршуваше пред-сезонската турнеја по САД и после мечот со ДиСи Јунајтед на Кристијано Роналдо му се јавиле опасни симптоми. Ова го пратило Португалецот во карантин и се создаде немир меѓу навивачите на Реал. Но се испостави дека Кристијано Роналдо фатил банален сезонски грип.

Но алармот не престана. Набрзо вирусот се јави кај неколку европски фудбалери. Крајот на летото и почетокот на есента бекот на Манчестер Сити Мика Ричардс бил заразен, шпанскиот тренер на Атлетико Мадрид Кике Флорес исто, Емир Спахиќ од БиХ кој играше за Монпеље, Кристијан Вадоц Унгарецот од Осасуна, фудбалери на Блекбурн, Болтон и Бетис итн. Но за среќа повеќето брзо се опоравиле.

КАКО СЕ СПАСУВАШЕ ОД СВИНСКИ ГРИП: ПРЕМИЕР ЛИГА ЗАБРАНИ ПЛУКАЊЕ, А АНЧЕЛОТИ СОВЕТУВАШЕ ДА СЕ ЛЕЧИ СО ВИНО И МЕД

Главното оружје во борбата е карантин. Но ако во 2020 година изолираат цели екипи, во 2009-та во карантин ги праќаа само заразените или оние кои одблизу контактирале со нив.

Играчите ги изолирале при најмал симптом на свински грип. Шпицот на Арсенал од Мексико, Карлос Вела, денес најдобриот фудбалер во американската МЛС неколку дена се журкал тогаш со другари од Мексико. Кога пријавил мала малаксанот, лекарите на Арсенал веднаш го пратиле во строга изолација.

Во Премиер лига во тоа време се забрани и плукање за време на натпреварите. Агенцијата за здравство на Англија (НРА) пуштила грубо соопштение:

„Плукањето во секој случај е одвратно. Нехигиенско е и нарушува здравје особено ако го правите пред други луѓе. Сигурни сме дека фудбалерите не плукаат во обичен живот, така не треба да го прават тоа и на теренот. Кога плукаат пред други луѓе го зголемуваат ризикот од пренос на инфекцијата“:

На барање на НРА, судискиот комитет им препорачал на судиите да даваат картони за плукање.

Проблемот секојдневно се верглаше и во медиумите, а на прес-конференциите доминираа прашања за свински грип. Се памети и легендарен одговор на Карло Анчелоти кој тогаш го тренираше Челси:

„Јас не сум исплашен (сега како да е поисплашен). Грипот не е само на терен, секаде е. Преземаме мерки за предострожност и мислиме само на фудбалот. Лично добро знам што би правел ако заболам. Тоа не е рецепт од лекари. Тоа е древен метод од баба ми - топло млеко со мед или алкохол - црвено вино. Тоа е фантастично“, рекол тогаш Анчелоти.

НАТПРЕВАРИ РЕТКО СЕ ОДЛОЖУВАА (САМО АКО НЕКОЈ ИГРАЧ Е ИНФИЦИРАН). НА МНОГУ МЕСТА СЕ ИГРАШЕ СО ПУБЛИКА

За разлика од пандемијата во 2009 со пандемијата 2020 - тогаш не одложуваа натпревари и големи турнири. Исклучок има: го одложија финалето на КОНКАКАФ U-17, каде за титула играа Мексико, САД, Хондурас и Костарика.

Свинскиот грип се распространи тогаш од април до декември, а три месеци во тој период никој и воопшто не играше поради крај на сезоната.

Тогаш и професионалните играчи ретко заболуваа и не на долг период (Спахиќ пропушти само еден меч). Позагрижени беа само тимови кои поради инфекција во карантин праќаа по неколку луѓе.

Прв меч кој се одложи беше дури во есента 2009, со вториот јак бран на пандемија. Во Шпанија Бетис (10 играчи во карантин) не играше против Виљареал 2 во Сегунда. А во Италија се одложија натпревари на Лукезе од Серија Ц зошто овој клуб имал 8 играчи во изолација.

Трендот го сруши Премиер лига која одби да ги одложува натпреварите. Сите клубови прифатија да играат.

Во Блекбурн заболеа Кристофер Самба, Дејвид Дан и неколку физиотерапевти од стручниот штаб. Клубот официјално побарал да му се одложи првиот следен меч но ги одбија. Без двајца првотимци Блекбурн изгуби 5:0 од Челси. Тренерот Сем Алардајс изјави:

„Нас нè прашуваа зошто не побарате да ви го одложат мечот? Ние сакавме да се одложи. Но според новите правила, натпреварот се одложува само ако таква одлука донесе владата на Велика Британија. Се што ни остана беше да се јавиме кај Челси и да ги предупредиме“.

Во Франција епидемијата го зафати ПСЖ каде заболени беа Лудовик Жили и Мамаду Сако.

После консултација со лекарите, Лига 1 решила мечот од 10. коло ПСЖ - Марсеј да се игра, но пред самото дерби симптоми на грипот раззил Жереми Клеман и членови на стручниот штаб. Мечот официјално се одложил кога 2.000 навивачи од Париз веќе стигнале во Марсеј. Кога хулиганите дознале дека натпревар нема да игра, почнале свое „шоу“ по улиците на Марсеј.

18 март 2020 - 10:28