Лучо Гонзалез - јунак на денот

Капитенот на Порто, Лучо Гонзалез, три часа пред почетокот на натпреварот против Динамо Загреб ја прими веста за смртта на неговиот татко, но тој јуначки го одигра натпреварот и постигна гол.

Непосредно пред натпреварот против Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампиони, фудбалерите на Порто беа шокирани од веста за смртта на таткото на нивниот капитен, Лучо Гонзалез.

Тој размислувал дали воопшто да го одигра натпреварот, но не само што настапи, тој и постигна гол кој го посвети на својот татко.

Не сакав да играм, не ми беше лесно. Но тогаш одлулив да истрчам на теренот и да дадам гол за татко ми или барем да асистирам. Постигнав гол, но почуствував празнина. Не ми беше ни до гол, ни до победа. Натпреварот ми беше во десетти план. Не се сеќавам на ниту еден дел од натпреварот", изјави Аргентинецот.

И тренерот на Порто, Витор Переира му ја посвети победата на капитенот.

Лучо беше вознемирен од веста за смртта на неговиот татко и тоа сигурно влијаеше на него. Соиграчите дополнително се солидаризираа и сите му беа потпора. Сакаме оваа победа да му ја посветиме на Лучо", изјави Переира.

19 септември 2012 - 09:46