Ждрепка за осминафинале во Лига Европа, извлечени парови:
ЧЕЛСИ - ДИНАМО КИЕВ
АЈНТРАХТ ФРАНКУФРТ - ИНТЕР
ДИНАМО ЗАГРЕБ - БЕНФИКА
НАПОЛИ - САЛЦБУРГ
ВАЛЕНСИЈА - КРАСНОДАР
СЕВИЉА - СЛАВИЈА ПРАГА
АРСЕНАЛ - РЕН
ЗЕНИТ - ВИЉАРЕАЛ
Првите средби од осминафиналето ќе се одиграат на 7 март, а реваншите се недела дена подоцна на 14 март. Финалето на Лига Европа ќе биде одиграно на 29. мај на Олимпискиот стадион во Баку, главниот град на Азербејџан.
Необично, најмногу на ждрепката и се израдуваа навивачите на Хајдук кои иако нивниот клуб не игра во Европа, гаат многу блиски односи со навивачите на Бенфика која се падна со Динамо Загреб. За очекување е за натпреварот во Загреб да присуствуваат многу членови на Торцида кои ќе навиваат со португалските „браќа по трибина“.
Од друга страна, целата хрватска јавност, нормално ќе навива за Динамо, затоа што евентуален нов успех, значително ќе ги зголеми шансите хрватската лига да добие уште еден претставник во квалификациите за Лига на шампиони, што би било прекрасна вест за целиот регион.