Курасао го освои првиот историски бод на Светско првенство, голманот правеше чудеса

Ако голманот на Зеленортски Острови Возиња беше хит откако оваа селекција успеа да освои бод против европскиот шампион Шпанија и да одигра 0-0, сега голманот на Курасао го надмина и постави нов светски рекорд во број на одбрани на натпревар од Светско првенство.

Курасао предводен од холандскиот ветеран, селекторот Дик Адвокат направи чудо и одигра 0-0 против силниот Еквадор.

Ова е прв историски бод на дебитантско Светско првенство за малата земја. Го донесе 37-годишниот голман Елој Рум! Запиша неверојатни 15 чисти одбрани и беше непремостлива пречка за Еквадорците.

Јужноамериканците домнираа со 27 удари од кои 15 во рамки на голот, имаа 5 100% шанси, имаа 9 корни а Курасао 0, имаа 75% посед на топка и на крајот пак не го победија дебитантот.

Голманот на Курасао Елој Рум доби највисока оцена 8,3 и беше избран за играч на мечот.

Досега само Американецот Тим Хауард на Светското првенство имал 16 одбрани но со се оние во продолженија од дуелот со Белгија во 2014-та година (12 во регуларни 90 минути а 4 во продолженија), а сега нов светски подвог направи 37-годишен голман кој пред само една недела прими 7 гола од Германците. Претходно Перуанецот Рамон Квирога имал 13 одбрани на натпревар од Светско првенство против Холандија во 1978-ма година.

Сега на табелата во оваа група Германија е прва со 6 бода и се пласираше понатаму. Брег на Слонова коска има 3 бода, Еквадор 1 колку што има и Курасао.

Во последно коло Еквадор ќе игра против Германија а Курасао против Брег на Слонова Коска.

21 јуни 2026 - 06:46