За двете сезони во дресот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна 42 гола и асистираше при постигнувањето на уште 17. Тоа се вкупно 59 голови во Серија А за кои тој бил заслужен, или 42,5% од сите голови кои тие ги постигнале.
Само Антонио Ди Натале има повеќе (64) голови и асистенции во Италија од август 2010.
Доколку се избришат головите и асистенциите на Ибрахимовиќ, тогаш Милан во изминатите две сезони би освоил 35 поени помалку.
Импресивни се и статистиките на Тиаго Силва. Тој има двојно повеќе превземени топки и блокади од било кој друг фудбалер на Милан, а за 27 натпревари на кои тој настапи во изминатата сезона, само 6 пати дозволил да биде поминат од противнички играч.
И покрај тоа што Тиаго Силва игра во одбраната, во изминатите две сезони тој оствари најмногу додавања од сите фудбалери на Милан, а минатата сезона од цела лига само Андреа Пирло имаше повеќе прецизни долги додавања.
Во истиот период од две години, Милан не прими гол на 33 натпревари на кои играше Тиаго Силва.
Тогаш која е причината што Милан се одлучи да ги продаде? Одговорот е еден - ПАРИ!
Златан има уште две години од договорот и за тој период Милан ќе треба да плати 48 милиони евра сосе даноци. Силва неодамна потпиша пет-годишен договор кој Милан ќе го чини 70 милиони евра. Ова значи дека тие Милан би го чинеле 118 милиони евра.
И наместо да потрошат 118 милиони евра на нивни плати, тие ќе ги продадат за 62 милиони евра, што значи дека Милан ќе ќари 170 милиони евра.
Овие суми ќе бидат од огромно значење финансиското салдо на Милан, но исто така и заминувањето на Ибра и Силва ќе има огромно влијание на бодовното салдо на клубот.
Ќе успеат ли Галијани и Берлускони да најдат поевтина и достојна замена за нив или Милан ја прави една од најголемите грешки во последнава деценија?