Од аргентинското дерби меѓу Велез Сарсфилд и Арсенал Саранди вчера објавивме видео во кое судијата одлучи да ја смени својата одлука. Тој досуди пенал за Велез и му покажа црвен картон на Даниел Валенсија за играње со рака.
Откако домаќините се спремаа за изведување на ударот од белата точка, линискиот судија ја погледна забавена снимка од спорниот момент на мониторот на камерманот и го извести судијата дека топката со рака сепак ја допрел напаѓачот на Велез, Маријано Павоне, а не Валенсија.
Делфино го повлече црвениот картон, го поништи пеналот и му даде жолт картон на Павоне, а тоа предизвика револт кај домаќините и кај нивниот тренер.
Целиот проблем е што сега судијата ќе се соочи со казна, бидејќи според ФИФА, новата видео технологија не важи за Аргентина.