Во почетокот на 90-те години фудбалот во Јапонија почна да цвета. Поддржан од многу моќници кои ги одврзаа ќесите, јапонските клубови се обидуваа да донесат фудбалери од светска класа.
Тоа беше ерата на популарниот Бразилец, Зико кој беше тренер во Јапонија, како и Пјер Литбарски од Германија и Гери Линекер од Англија кои настапуваа во јапонското првенство. Но најславен меѓу нив беше Италијанецот Салваторе познат како Тото Скилачи кој потпиша за тимот Јунилио Ивата.
Јапонците во тоа време беа инспирирани од бразилскиот стил на игра, но Серија А за нив претставуваше идеална лига со висок квалитет на игра. Скилачи воопшто не ги разочара Јапонците и на 93 натпревари постигна 65 гола, а од тогаш Јапонците почнаа да ја преплавуваат земјата на фудбалот.
Во летниот преоден рок во 1994 година трансфер на чизмата направи еден од најголемите јапонски ѕвезди Казуоши Миура кој потпиша за Џенова, но неговото деби беше неславно, затоа уште на првиот меч во Серија А, славниот капитен на Милан, Франко Барези му удри бокс.
По неговиот неуспех уште неколку Јапонци не успеаа да се наметнат во италијанскиот шампионат. Хирои Нанами, Масаши Огурно, Атуши Јанагисава и Митсуру Огасавара работеа напорно на тренинзите, но немаа доволно квалитети за во првиот тим.
Но јапонско-италијанската размена на играчи тука не заврши. Во 2002 година играчот од средниот ред Шунсуке Накамура мина одлични 3 сезони во Реџина, а тоа беше одлично искуство за него кое му помогна да заигра во Селтик и Еспањол. За Катанија настапуваше Моримото кој остана 6 сезони во Серија А.
Најпознатото јапонско име во Италија беше Хидетоши Наката, кој за 7 сезони смени 5 клубови. Дебито за тимот на Перуџа му беше како од соништата со два постигнати гола против Јувентус, а со тоа си обезбеди место во тимот на Рома каде го освои и Скудетото.
Популарниот Наката го напушти Рим поради тоа што на истата позиција играше Франческо Тоти, но со екипата на Парма стигна до италијанскит Куп, а потоа по настапите во Фиорентина и Болоња, и се приклучи на Премиер лигата во тимот на Болтон.
Во моментов најквалитетниот јапонски фудбалер во Италија е Нагатомо од екипата на Интер кој игра на бековската и крилната позиција, а во јануари оваа година тој потпиша нов договор со „Нероаѕурите".
Во италијанско-јапонската соработка покрај Скилачи заминаа уште и Даниеле Масаро кој како ветеран настапуваше 2 сезони за екипата на Шимицу Пулсе, како и Џузепе Ѕапела кој беше член на Урава.
Оваа традиција сега ја одржува Алберто Ѕакерони кој по Мундијалот во 2010 година, ја превзеде јапонската репрезентација со која забележа успех на Азискиот Куп во 2011 година. Вчерашниот спектакурален меч помеѓу Италија и Јапонија беше втор помеѓу овие две селекции.