Како Македонија низ историјата се движеше на ранг листата на ФИФА

Во 1994-та почнавме како 90-ти, 2016-та ја завршуваме 162-ри. Оваа година не може во никој случај да се смета за успешна фудбалска година бидејќи го победивме само Азербејџан.

Ранг листата на ФИФА можеби не е мерило за играта на една репрезентација, бидејќи во новиот квалификациски циклус нашиот национален тим конечно доби некаков лик, влезе похрабро и поконкретно во дуелите, но на крај сепак се бројат само резултатите, а тие се очајни.

Оваа година Македонија ја завршува со скор од 7 порази и само една победа. Во месец март се случија поразите од Словенија на гости 1:0 и Бугарија дома 0:2, а во јуни не победи Иран 1:3. Сите на пријателски средби.

Во квалификацискиот циклус конечно добра игра и добра критика од навивачите кои се радуваа и беа оптимисти на надежниот напад предводен од новата ѕвезда Илија Несторовски. Но тоа не беше доволно. На душа на одбраната лежат 4 порази со 10 примени голови. Од Албанија и Шпанија на гости, од Израел и Италија во Скопје.

Единствената победа во 2016-та, избраниците на Игор Ангеловски ја остварија против Азербејџан 1:3 на 29 мај во Австрија, каде стрелци беа Радески, Пандев и Несторовски.

Од оваа година треба само да го задржиме пристапот, желбата и мотивацијата за игра кои ги видовме во квалификациите (со исклучок на одбраната), но никако резултатите кои не втурнаа во бедно друштво со фудбалски непознаници кои немаат никаков квалитет, популарност и традиција за фудбал.

НАЈЛОШАТА ГОДИНА ВО ИСТОРИЈАТА МЕСЕЦ ПО МЕСЕЦ

Јануари – 138 место
НОВ ФУДБАЛСКИ ПАД ЗА МАКЕДОНИЈА ВО 2016-ТА

Февруари – 138
МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ПОМЕСТИ НА РАНГОТ НА ФИФА

Март - 138
СÈ Е ИСТО КАКО МИНАТИОТ МЕСЕЦ

Април - 141
ОВА НЕМА КРАЈ, УШТЕ ТОНЕМЕ

Мај - 141
ФИЛИПИНЦИТЕ ИМААТ ЗА ФАЛЕЊЕ, НИЕ НЕ

Јуни - 139
КОНЕЧНО НЕКАКОВ НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА

Јули - 139
КУРАСАО Е ПРЕД МАКЕДОНИЈА НА РАНГ ЛИСТАТА НА ФИФА

Август - 138
МАКЕДОНИЈА, ВИЕТНАМ И ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА, ТИЕ СМЕ

Септември -146
МАКЕДОНИЈА ГО ДОПРЕ НАЈДЛАБОКОТО ДНО ВО ФУДБАЛ

Октомври - 155
НЕ ЈА ГЛЕДАЈТЕ РАНГ ЛИСТАТА НА ФИФА, КУРАСАО НÈ ШИЕ 78 МЕСТА

Ноември - 162
ВЕРОЈАТНО НЕ МОЖЕМЕ ПОДОЛУ ОД ОВА КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ РАНГОТ НА ФИФА

Декември – 162
ОСТАНУВАМЕ 162-РИ

ТОП 5 РАНГИРАЊА

-46 место во 2008 година
-Скор: 2 победи, 3 нерешени, 3 порази
-Селектор: Среќко Катанец

-49 место во 2007 година
-Скор: 3 победи, 2 нерешени, 4 порази
-Селектор: Среќко Катанец

-50 место во 2006 година
-Скор: 4 победи, 1 нерешени, 3 порази
-Селектор: Среќко Катанец

-53 место во 2009 година
-Скор: 3 победи, 3 нерешени, 4 порази
-Селектор: Среќко Катанец/Мирсад Јонуз

-59 место во 1999 година
-Скор: 0 победи, 2 нерешени, 4 порази
-Селектор: Ѓоко Хаџиевски/Драган Канатларовски

1995-та, 1999-та и 2001-ва се единствените години во кои Македонија не успеала да победи на ниту еден натпревар.

22 декември 2016 - 14:23