По ниту еден одигран меѓународен натпревар минатиот месец, во најновата ранг листа на ФИФА немаше ниту едно поместување во првите 50 позиции. Тоа значи дека на врвот остануваат Аргентина, Белгија, Чиле, Колумбија, Германија, Шпанија, Бразил, Португалија, Уругвај и Англија.
Македонија го држи најлошиот рекорд на 141-ва позиција кој го оствари минатиот месец и кој со 235 поени го дели со селекцијата на Сент Винсент, остров на карибското море со 100.000 жители.
Пред нас сега не е островот Сент Лусија, туку Кувајт кој падна 14 позиции, а во останатото неславно фудбалско друштво и натаму сме опкружени со Сент Лусија, Мадакаскар, Аруба, Намибија, Свазилент, Азербејџан, Гуана, Бахреин, Палестина, Танзанија, Судан, Туркменистан, Зимбабвме. Сите овие земји се пред нас и рипнаа по едно место, со исклучок на Бахреин кој скокна две.
Поместување нема ниту за нашите противници во следниот квалификациски циклус за СП 2018. Тоа се : Шпанија (6. место), Италија (15), Албанија (45), Израел (76) и Лихтенштајн (173).
Надеж за нови бодови и избегнување на ова дно, македонската фудбалска репрезентација ќе има на 29 мај против Азербејџан, меч кој е закажан за во Австрија, а потоа на 2 јуни против Иран во Скопје.
Следната ранг листа ќе ја видиме на 2 јуни.