По долгиот период на тонење нашиот национален тим оствари каков таков прогрес на ранг листата на ФИФА и се искачи за две позиции во однос на претходното рангирање.
Прерано е за фалење бидејќи пред нас се селекции од типот на Азербејџан, Грузија, Танзанија, Намибија, Туркменистан, Виетнам, Бахреин, Гвајана, Кенија, Судан кои воопшто не се познати по некоја фудбалска традиција.
Во споредба со противниците на квалификациите за пласман на СП Русија 2018 полош е само Лихтенштајн кој е на 168. место. Шпанија е 6-та, Италија 12-та, Албанија 42-ра, а Израел на 71 позиција.
Измени има и во топ 10 листата каде Аргентина и натаму е прва пред Белгија. Колумбија и Германија скокнаа за едно место и сега се на трето и четврто место, петти е Чиле кој падна две места, а на исто место се Бразил, Португалија и Уругвај. За прв пат во својата историја селекцијата на Австрија се искачи на 10 позиција.
Во ова рангирање не е земена предвид победата на Македонија против Азербејџан на која ако се надоврзе и позитивен резултат вечерва против Иран може да донесе поголем скок рангот на ФИФА: