Колку и да не сакате да прочитате или чуете, денешната реалност е таа. Македонската фудбалска репрезентација падна 9 позиции и сега е на 155-та позиција на најновата ранг листа на ФИФА.
Во квалификациите за Светско се носевме одлично со Албанија, Израел и Италија од кои требаше да собереме минимум 3 бода, но играта и неискористените шанси не се бројат. Овие три порази не фрлија во нов очај и ова е нов црн рекорд од осамостојувањето.
За жал зад нас на ранг листа останаа уште само седум европски селекции: Косово, Молдавија, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино, Андора и Гибралтар, а не помина Гренада, остров од Карибите со околу 100.000 жители.
Замислете Црна Гора скока 46 позиции и е 56-та, Фарски Острови имаат скок од 37 позиции и се 74-ти, Курасао е подобар за 45 позиции и сега 77-ми, Азербејџан скокна 45 места и е на 88 место. Подобри од нас се и фудбалските непознаници од типот на Лесото, Маурициус, Сао Томе е Принципе, Авганистан и Коморос.
Од нашата квалификациска група за пласман на СП во Русија, најдоброрангирана е Шпанија на 10. место, напредувајќи овој месец за една позиција, пред Италија која е на 13. место. Албанија е на 47. место, а Израел е на 79-та позиција. Лихтештајн е единствено зад нас на 183. место.
Во топ 10 се Аргентина, Германија, Бразил, Белгија, Колумбија, Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Четвртата шанса за опоравување во овие квалификации ќе имаме на 12 ноември против Шпанија на гости.