Македонскиот национален тим немаше активности во изминатиов период и затоа останува на истата позиција на рангот на ФИФА од јануарското рангирање. Промени се очекуваат во месец март за кога имаме закажани пријателски средби против Словенија и Бугарија.
Од нашата квалификациска група за Мундијалот во 2018-та, Шпанија котира највиското на третата позиција, Италија е 15-та, Албанија 36-та, Израел 73-та, а најслаборангирата е репрезентацијата на Лихтенштајн која се наоѓа на 165-та позиција.
Нема промени ниту на врвот. Прва фудбалска земја во светот е Белгија, а зад неа се Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.
Пријателски средби против Словенија и Бугарија ги играме на 23 и 29 март. Со Словенците на гости, а потоа ќе бидеме домаќини на нашите соседи.