По дуелот против Шпанија во рамките на 4. коло од Квалификациите за Светското првенство 2018, Македонија падна седум позиции и стигна до рекордната 162 позиција на ранг листата на ФИФА.
Од тогаш нашите фудбалери немаа активности и затоа немаат никакви поместувања на последното рангирање за годинава. Ама затоа поместување има Мјанмар, ако воопшто сте чуле за оваа земја која по старото име е позната како Бурма.
Се наоѓа во југоисточна Азија, а на ранг листата оствари напредок од седум места со кои и избега на Македонија на 159-та позиција. Пред нас се земји од рангот и на Малезија, Аруба, Гренада, Танзанија...
Од нашите противници во квалификацискиот циклус за СП Русија, Шпанија е 10-та, Италија е на 16 позиција, Албанија е 49-та, Израел 55-ти и Лихтенштајн 189-ти.
На врвот нема никакви промени. Аргентина останува прва, а потоа следуваа Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија и Уругвај.
Да не се повтори 2016-та на резултатски план.