Најтешко е да се остане на врвот, а тоа на некој начин се обиде да им го објасни на новинарите стратегот на Јувентус кој три сезони по ред не го дава тронот ниту во првенство, ниту во Купот, а два пати го однесе тимот во финале на ЛШ.
Јувентус сè уште е во битка за два трофеи, има бод предност пред Наполи и ќе игра финале во Купот на Италија против Милан.
По поразот на домашен терен од Наполи, прв во историјата на Алијанц на кој Јуве не успеал да упати удар во рамки на гол, Алегри целосно застана во одбрана на тимот и направи споредба со другите.
„До прошлата недела бевме во ЛШ, а сега сме во финале на Куп на Италија. За каков квалитет во играта ми зборувате? Па 4 години по ред играме по 57 натпревари годишно, а другите колку играат? Во декември испаѓаат од секаде. И од психолошки аспект не е лесно. Да стигнеш до финале на Куп на Италија 4 години по ред не е лесно. Имаме две финалиња во Лига на шампиони и двете ги губиме во последните 30 секунди, а другите во ноември се веќе завршени. Ми направивте да го загубам трпението, а јас имам трпение и за продажба“