Статистичкиот податок кој “го уби“ Јуве

Веројатно најслабиот меч на сезоната, а можеби и во последниве години Јувентус го одигра против Наполи пред своја публика. Статистиката го извади најлошиот податок за актуелниот првак на Италија до сега невиден на нивниот нов стадион.

Јувентус стадиум е отворен во 2011-та година и вчера за прв пат на овој стадион Старата Дама не успеа да упати НИТУ ЕДЕН удар во рамки на гол. Ниту еден.
 
Тоа е скроз чуден податок за една ваква машинерија која е неприкосновена во италијанскиот фудбал веќе 6 сезони по ред.
 
Или Наполи одигра страшно добро во одбрана или на Јувентус ептен не им било денот, кој знае?
 
 
Јувентус останува на лидерската позиција, но со само 1 бод предност пред Наполи и сега психолошкиот момент е на страната на Наполитанците кои имаат полесен распоред. Ако Јуве ги победи сите средби до крај останува шампион на Италија.
 
Последните 4 кола изгледаат вака:
 
35. коло
Интер - Јувентус
Фиорентина - Наполи
 
36. коло
Јувентус - Болоња
Наполи - Торино

37. коло
Рома - Јувентус
Сампдорија - Наполи
 
38. коло
Јувентус - Верона
Наполи - Кротоне
23 април 2018 - 12:45