Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога против Фламенго со триумф од 4:2. Бразилците си постигнаа автогол уште во 6 минута, два даде Кејн и еден Горецка, најубав на мечот. Голманот не се ни помрдна. Во четвртфинале ќе играат против ПСЖ, реприза на финалетo на ЛШ од 2020-та.