Дискусијата за новиот сигурносен концепт се водеше повеќе месеци, а навивачите протестираа на стадионите и надвор од нив, но залудно. Германската фудбалска федерација ги усвои 16-те точки од концептот за подобрување на безбедноста на стадионите.
Една од точките на новите закони која предизвика најмногу полемики е подобрувањето на контролите на влезот на стадионите што во пракса значи претрес на цело тело. На натпреварите кои ќе бидат прогласени за ризични, полицијата ќе има право да им нареди на сомнителните навивачи да се соблечат до гола кожа.
Во близина на влезовите на стадионите пред почетокот на натпреварите од висок ризик ќе бидат поставувани шатори во кои полицијата ќе ги соблака навивачите и ќе им врши детален претрес.
Меѓу другото, навивачите се бунтуваа и против членот од законот според кој клубот домаќин сам ќе може да донесе одлука дали натпреварот ќе биде прогласен за ризичен, а доколку тоа се случи, на гостинските навивачи ќе им бидат доделни многу помалку карти од предвиденото.