
Чиро замина на 87 години, со неверојатен 47 годишен тренерски стаж во 20 клубови, а водеше и три селекции: Швајцарија, Хрватска и БиХ.
Има една сцена од Маракана, која често ја раскажуваше и која остана во неговото сеќавање.
Се работи за првиот натпревар на Југославија и Хрватска после војната во 90-те.
Главите уште неоладени, а во Белград се играше важен меч од квалификациите за ЕП.
Снема стуја на стадион и на терен настана паника. Но, српските фудбалери останаа во одбрана на своите колеги, а тоа предизвика силни емоции кај Чиро Блажевиќ.
„Имам едно сеќавање кое никогаш нема да го заборавам. Се сеќавате кога снема струја на „Маракана за време на натпреварот Југославија -Хрватска и кога сите српски играчи ги прегрнаа моите играчи и ги заштитија?
Сега би плачел поради тоа. Па, тоа е фудбал, тоа е пријателство и џентлменство. Така се однесуваат спортистите кои градат мостови, а примитивците ги рушат“, рече Блажевиќ